Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Отворен спортско-рекреативниот центар „Радишани“ во ООУ „Ацо Шопов“

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со учениците, денеска го отвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со учениците, денеска го отвори новиот спортско-рекреативен центар „Радишани“, лоциран во дворот на ООУ „Ацо Шопов“. Центарот се простира на површина од 4000 м² и вклучува модерно фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со специјална ФИБА подлога, ново детско игралиште, тениско игралиште со акрилна подлога, фитнес зона за вежбање и рекреација, како и нова челична ограда и LED осветлување.

Изградба на затворен пливачки базен во ООУ „Ацо Шопов“ започнува наскоро, со што Општина Бутел продолжува со вложувањата во спортската инфраструктура. Овој проект е дел од пошироката стратегија за развој на спортот, кој има клучно влијание на целокупниот развој на секое дете, осигурувајќи здрава иднина за новите генерации. Локалната самоуправа продолжува да инвестира и создава можности за редовно практикување спорт во сите населени места, а до крајот на мандатот на градоначалникот, во секоја населена единица ќе биде изграден модерен спортско-рекреативен центар, информираат од општината.