Реклама

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Свет

Откриени нови детали за предлогот за мир на Путин

Стив Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, го опиша…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стив Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, го опиша својот последен разговор со рускиот претседател Владимир Путин како „убедлив“, при што разговарале за прекин на огнот во Украина и можностите за нови деловни иницијативи, јавува „Укринформ“, повикувајќи се на интервјуто на Виткоф за „Фокс Њуз“.

Во текот на скоро петчасовната средба, Путин изразил подготвеност да обезбеди „траен мир“ со Украина.

„Путин се залага за воспоставување траен мир. Тоа подразбира не само прекин на огнот, туку и решавање на други клучни прашања. Беше потребно време да стигнеме до оваа точка“, изјави Виткоф.

Реклама

Според него, централното прашање за конечниот договор се наоѓа во „петте територии“, но не наведе кои области точно се во прашање.

„Мировниот договор се фокусира на овие пет територии, но содржи и многу повеќе – безбедносен протокол, без НАТО, без Член 5 од НАТО. Постојат многу детали поврзани со оваа комплицирана ситуација. Меѓу двете земји се јавуваат сериозни проблеми, но верувам дека можеби сме на работ на нешто навистина важно за светот“, нагласи Виткоф.

Тој додаде дека гледа „шанса за нова етапа во руско-американските односи преку убедливи трговски иницијативи“, кои би можеле да донесат стабилност во регионот.

Американската администрација продолжува со одделни преговори со руски и украински претставници, но тие не доведоа до прекин на борбените дејства досега. Преговорите се одвиваат бавно, без значителни отстапки од Москва, а Киев и некои западни земји ја обвинуваат Русија за намерно одолговлекување на разговорите.