Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Економија

Откако „СОНК“ најави штрајк ако нема усогласување на платите, „ССМ“ со реакција: Наместо да кука, да си ја заврши работата за која е избран

„ССМ“ со своите активности обезбедиле највисока измена на минималната плата досега во…

Сподели:

„ССМ“ со своите активности обезбедиле највисока измена на минималната плата досега во вредност од 18.000 денари, за која како што велат„ ниту Јаким Неделковски не верувал, иако е повеќе од 10 години на чело на „СОНК“ и нема ништо направено за вработените во образованието“.

  • Минималната плата изнесува 61,8% од просечната плата, што досега не се случило, а обезбено е и понатамошно усогласување и скалесто зголемување на платите и примена на членот 8 од Законот за минималната плата, кое во најголема мера зависи од преговарачката способност и успешност на гранските синдикати, која за жал СОНК на чело со Јаким Неделковски признава дека ја нема, а синдикатите здружени во ССМ заедно со ССМ одржаа повеќе од 30 средби со институции, работодавачи и нивни организации и веќе преку колективните договори ги зголемуваат платите на работниците согласно зголемувањето на минималната плата, реагира најголемиот Синдикат во Македонија.

Во случајот на образованието, како што нагласуваат, тоа зависи од Јаким Неделковски како претседател на „СОНК“, кој, според „ССМ“, не треба да се вади на нив, туку прво треба да објасни зошто досега со неговиот потпис не им се зголемувале платите на работниците во образованието.

  • Ако досега не го обезбедил зголемувањето, го повикуваме сега да си го обезбеди како право за работниците, повикуваат од ССМ.

Натаму во целост го пренесуваме нивното соопштение.

Реклама
  • Работниците кои се во образованието треба да знаат дека биле манипилирани од „СОНК“ и го повикуваме наместо да кука да си ја заврши работата за која е избран, а ако не е способен да ги заштити работниците во образованието ги повикуваме сите да дојдат во „ССМ“ за да ги заштитиме од синдикалниците како Јаким Неделковски и да им ги зголемиме скалесто платите во нивната дејност. Потсетуваме и укажуваме дека иако минимална плата од 15.194 денари за 2021 година, Претседателот на „СОНК“ Јаким Неделков потпишал спогодба со која износот на најниската плата за најнизок степен на сложеност на работни места изнесува 14.759 денари во бруто износ (10.000 денари нето износ – што е на ниво на минималната плата од 10.080 денари во 2018 година) што е многу помалку од минималната плата за тој период која изнесувала 22.146 бруто износ на минималната плата и така свесно дозволил одредена категорија на работници во образованието да бидат под минималната плата што е незаконски, а сите други да земат услогласување на палатите помало од зголемувањето на минималната плата поради тоа што пресметковната единица вредност е утврдена на понизок износ односно на 10.000 денари нето од износот на минималната плата од 15.194 денари за 2021 година, се вели од ССМ.

Со ова претседателот Јаким ставил потпис на спогодба за усогласување на платите со промената на минималната плата согласно Колективниот договор која е спротивна на членот 8 од Законот за минималната плата и не го овозможил законското усогласување и со потписот на спогодбата тој лично овозможил да не се примени членот 8 од Законот за минималната плата на штета на огромен број на работници во образованието и членови на „СОНК“.

  • Јаким Неделковски како претседател на „СОНК“ и досега со потпишувањето на таквите спогодби не обезбедил усогласување во висина на минималната плата односно  со потпишување на спогодбата овозможил дел работници како основна плата да имаат и под минималната плата што е незаконски, па се вадел на законот, па не е јасно зошто истиот тој кој вака постапувал, а сега го обвинува и го повикува „ССМ“. Го потсетуваме дека борбата на Јаким Неделковски за повисоки плати во образованието не е со „ССМ“ и работниците туку со надлежните министерства, се вели во соопштениетоп од Сојузот на синдикатите на Македонија.