Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Отфрлена интерпелацијата: Тошковски останува министер за внатрешни

Собранието на Република Македонија вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собранието на Република Македонија вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Против“ гласаа 72 пратеници, „за“ беа 20, а воздржани немаше.

Интерпелацијата беше поднесена од политичката партија Левица, а ја поддржаа и СДСМ и ДУИ. Таа беше составена од десет основи, од кои половина беа директно поврзани со трагичната несреќа во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Во расправата преовладуваа меѓусебни обвинувања меѓу пратениците за институционални пропусти, политичка одговорност и неспособност во справувањето со безбедносни предизвици. Левица го обвини министерот Тошковски за нестручно, непрофесионално и неодговорно вршење на функцијата, посочувајќи на низа противзаконски дејствија, кадровски поместувања и скандали во Министерството за внатрешни работи.

Реклама

Меѓу обвинувањата беше и дека МВР потфрлило при издавањето согласност за дискотеката, не проверувајќи ги условите за јавен ред, мир и безбедност, како и присуството на малолетници, точење алкохол и употреба на наркотични средства.

Покрај несреќата во Кочани, останатите основи за интерпелацијата се однесуваат на:

апсењето на граѓани кои чистеле црква во гостиварско,

непостапување при палењето на македонското знаме за време на прослава на Денот на албанското знаме,

кражбата на марихуана што ја чувала полицијата,

апсењето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни,

и, како што тврди Левица, катастрофалната кадровска политика во МВР исполнета со непотизам и кронизам.

Во своето обраќање, министерот Тошковски рече дека не се плаши од одговорност и останува на функцијата за да се соочи со вистината. Тој ги отфрли сите обвинувања од интерпелацијата, вклучително и за случајот во Кочани, нагласувајќи дека лиценцата на дискотеката била фалсификувана, а во однос на употребата на пиротехнички средства, истакна дека МВР постапува според законските надлежности.

Тошковски додаде дека институциите преземаат мерки во сите отворени случаи, вклучувајќи ја кражбата на марихуана во Карбинци и протестите поврзани со случајот со црквата во селото Галате. Тој ги отфрли тврдењата за етнички мотивирани постапки и обвини одредени структури во ДУИ и СДСМ за обид за дестабилизација.

Во текот на паузата од седницата, министерот се сретна со родителите на настраданите во пожарот, кои денеска организираа протестен марш во Скопје и имаа средба и во Јавното обвинителство.

Левица побара родителите на настраданите да присуствуваат на седницата, но претседателот на Собранието, Африм Гаши, тоа го оцени како манипулација со јавноста.