Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Прилози

Отчет на Борко Ристовски: Конечно поддршка за македонскиот спорт- државата конечно инвестира за најмладите и подобри спортски резултати

Конечно македонскиот спорт ја добива поддршката која ја заслужува од државата. Кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конечно македонскиот спорт ја добива поддршката која ја заслужува од државата. Кога беше формирано Министерството целта беше спортот во Македонија да го се издигне во една од најважните општествени области, пред се за младите.

Во очетот за првата година од својата работа, министерот Борко Ристовски, порача дека се поставени нови темели на спортската политика – транспарентна отечтна и насочена кон конкретни резултати. Работата воопшто не била лесна, вели состојбата која ја наследиле од поранешната Агенција за млади и спорт, не била старт од нула, туку од минус два, но 365 дена подоцна може да се каже полека почнуваат да се искачуваат нагоре. Ристовски вели дека доказ дека се остваруваат целите е и директната финансиска поддршка која директно од државата оди за спортот.

-Како Министерство за спорт во изминатите 12 месеци обезбедивме и исплативме рекордни 20 милиони евра директна финансиска поддршка за македонскиот спорт. Овие финансии националните спортски федерации, клубовите и спортистите сега ги добиваат директно од државните субвенции за спортот и дополнителните средства, што се  издојуваат од игрите на среќа. Во овој дел ги обезедивме и исплативме останатите ветени и нереализирани субвенции од претходната власт во висина од 550 милиони денари за претходната година, изјави Ристовски.

Реклама

Според Ристовски спортот во Македонија во текот на минативе години, поради негрижа на системот и изместени вредности, спортот од општествено добро се претворил во средство за личен профит. Сепак состојбата сега е драстично промената, се остварува идејата – македонскиот спорт да добие институционална поддршка на највисоко ниво, да се воспостави стабилен систем, јасни критериуми и цврста основа.

-Младите спортисти како темел на кои се гради иднината на спортот се еден од нашите приоритети. Министерството за спорт за таа намена додели 500 стипендии „Спортска надеж“ за млади и талентирани спортисти. Но, не ги заборавивме ниту оние што ги поставиле темелите и што дале огромен придонес во издигнувањето на македонскиот спорт и во негова промоција на меѓународна сцена. Со измените во законот за спорт исправивме една голема неправда, доделивме национално спортско признание на 22-ца истакнати спортисти, изјави Ристовски.

Последнава година имаше и низа проекти во спортската инфраструктура. Според Ристовски тоа е еден од најважните сегменти за подобри резултати, бидејќи не може да се бара такво нешто ако спортистите нема каде да тренираат. Една од главните цели на Министерството е спортот да биде достапен за сите – во секое маало, во секој град, во секое училиште низ целата држава.

Матеја Петровски