Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Свет

Остра реакција на меѓународни организации по затворањето на ТикТок во Албанија

Меѓународни организации остро реагираа на одлуката на албанската влада да ја затвори…

Сподели:

Меѓународни организации остро реагираа на одлуката на албанската влада да ја затвори платформата ТикТок во Албанија, оценувајќи дека „целосното затворање на платформата е екстремно ограничување на слободата на изразување“.

Во официјалната реакција на мрежата SafeJournalists и Media Freedom Rapid Response се додава дека „широката природа на оваа мерка создава опасен преседан за непропорционално мешање на државата во дигиталните права“.

„Како земја кандидат за членство во ЕУ, се очекува Албанија да ги почитува европските стандарди за владеење на правото и основните слободи. Со приближувањето на парламентарните избори во мај 2025 година, особено загрижува времето на оваа суспензија“, се наведува меѓу другото во реакцијата.

Реклама

Албанската влада на 6 -ти месецов донесе одлука да го затвори ТикТок на 12 месеци поради „содржината што ја објавува и која поттикнува насилство и малтретирање, особено меѓу децата“.

Министерката за образование Огерта Манастирлиу рече дека службениците се во контакт со ТикТок за инсталирање филтри за родителска контрола, како и за проверка на возраста и вклучување на албанскиот јазик во апликацијата. Според неа, властите одржале 1.300 состаноци со околу 65.000 родители кои „препорачале и поддржале затворање или ограничување на платформата ТикТок“.

Премиерот Еди Рама најави затворање на оваа платформа минатата година, кога тинејџер избоде до смрт друг тинејџер во ноември, по расправија што започнала на ТикТок.

Опозицијата не се согласи со затворањето на ТикТок и поради тоа закажа протести за 15-ти март. Опозицијата смета дека забраната е „чин на нетрпеливост, страв и терор против слободата на мислата и изразувањето“.