Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Осомничениот прилепскиот џудо-тренер, имал и други малолетни жртви кои сексуално ги злоуптребувал ?

        Осомничениот прилепски џудо-тренер имал уште најмалку две други жртви помеѓу своите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

        Осомничениот прилепски џудо-тренер имал уште најмалку две други жртви помеѓу своите малолетни ученички, пред кои блудничел, или им се втурнувал да ги бакнува и да врши други сексуално-насилни дејствија, искористувајќи ја својата положба како нивни тренер, се последните информации од прилепското ОЈО, а објавени на еден портал. Истрагата досега не открила дали трите девојчиња биле силувани или пак станувало збор само за недолични сексуални дејствија. Истражните органи, сомневајќи се дека бројот на сексуално злоставувани девојчиња можно е да е и поголем, но заради срам или страв, тие сега се плашат да раскажат што се им правел нивниот тренер, истрагата ја продолжуваат со уште поголем интензитет. Во меѓувреме, прилепскиот Основен суд го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител и на 46-годишниот џудо-тренер, му одреди 30-дневен притвор, откако, викендов, родител на негова 15-годишна ученичка пријавил дека средовечниот тренер вршел полови напади врз неговата ќерка.

     Во соопштението од прилепското Обвинителство стои дека „осомничениот како тренер по џудо, од април до номеври 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување“.

    Инаку, дотичниот тренер со тренирање на ученици во боречки вештини се занимава подолго од 30 години, а од 2014 година е и тренер во еден престижен Џудо-клуб од Прилеп, во кого во моментов тренираат преку триестетина деца, од кои повеќето се женски. Заради успешноста на Клубот, тој често заедно со своите ученички, патувал и надвор од земјава. Тренерот е семеен човек, татко на две ќерки.

Реклама

Каролина Дурло