Реклама
Македонија

Осомничениот од Старо Нагоричане прв сериски убиец на жени, Обвинителството открива нови кривични дела

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство.  

Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол.

Според досега објавените информации од Обвинителството и полицијата, осомничениот се идентификува со иницијали Т. Б., 25-годишен жител на село Малотино (општина Старо Нагоричане).