Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

„Осмели се, инспирирај, промени“ – настан за младите и политиката во Струга

Во просториите на Europe House – Струга денеска ќе се одржи настанот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во просториите на Europe House – Струга денеска ќе се одржи настанот „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“, организиран од Платформата за одржлив развој „Лице в лице“.

Настанот започнува во 13 часот и ќе комбинира модерирана дискусија и изложба на млади уметници. Во првиот дел ќе се разговара за личните искуства, општествените предизвици и улогата на младите во градењето поодговорно општество. Потоа, просторот ќе се трансформира во уметничка галерија со изложба на 15 дела пристигнати на повикот за млади креативци, меѓу кои и петте наградени решенија.

Изложбата ќе биде поставена во Europe House – Струга до крајот на неделата и ќе понуди визуелни сведоштва за тоа како младата генерација ја доживува корупцијата, неправдата и потребата за промена.

Реклама

Организаторите истакнуваат дека целта е да се создаде жив простор за дијалог и да се даде глас на младите во разговорот за политичкиот интегритет.