Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Орбан: Срамно е што процесот на зачленување на Македонија во ЕУ оди споро, за тоа одговорни се членките на Унијата

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски, истакна дека посетата на македонската владина делегација на Унгарија се случува во важен момент кога три години живееме во сенката на војната.

Орбан истакна дека го информирал Мицкоски дека Унгарија ги поздравува преговорите меѓу САД и Русија и Унгарците се заинтересирани за успешен исход, како и дека имаат најдобри надежи за крај на војната.

-Ние се караме со државите од ЕУ кои се пријатели и наши сојузници, но решија дека Украина мора да продолжи со војната. Според нас продолжување на војната е лошо, опасно и грешка. Во четврток за тоа ќе зборуваме во Брисел. Го поздравив фактот дека и во ОН се разговарало за одлуките за мир и таму Македонија и Унгарија имаат исто гледиште, ние го поддржавме американскиот предлог кој е прифатен од Советот на безбедност, рече Орбан на прес-конференцијата.

Реклама

Унгарскиот премиер додаде дека при разговорите на делегациите големо внимание било посветено на прашањето на миграцијата, а Унгарија и е благодарна на Македонија за тоа дека чувајќи ја својата граница, им помагаат и на нив.

Орбан посочи дека го информирал Мицкоски дека Унгарија диктатот од ЕУ нема никогаш да го прифати и затоа мора да плаќаат казни.

-Можете да сметате на нашата поддршка во процесот на зачленување на Македонија во ЕУ, не само затоа што е срамно што овој процес споро оди напред, а за тоа не е одговорна Македонија туку ние членките на ЕУ. Покрај тоа ние нивното членство го поддржуваме, ЕУ мора да биде поконкурентна во светото и не гледам друго решение за подобрување на конкурентноста освен продолжување на процесот на проширувањето. Секое проширување досега и донесе добро на Европската Унија, истакна Орбан.

Трговската размена меѓу двете земји, посочи Орбан, постојано расте и е за седум пати зголемена.

-Македонија и Унгарија припаѓаат на иста економска регија, тука спаѓа и Србија. Ова е еден простор кој може да биде една заедничка зона, а соработката може да донесе огромен потенцијал, проблем е само тоа што ние сме во Унијата, а Македонија и Србија се надвор од неа. Затоа не можеме овој простор да го организираме како единствен економски простор.

Истакната била силна финансиска соработка меѓу двете земји, а унгарскиот премиер додаде дека се работи на потпишување на меѓувладина економска спогодба.