Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

Орбан: Се обидуваме да ѝ помогнеме на Македонија во спорот со Бугарија

Тука сме да помогнеме во решавање на постоечкиот конфликт со Бугарија,изјави унгарскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тука сме да помогнеме во решавање на постоечкиот конфликт со Бугарија,изјави унгарскиот премиер Орбан во утринското интервју  за унгарското Радио „Кошут“ кое емитува програма од брегот на Охридското езеро.

Морам многу да внимавам да изговарам Северна Македонија, за да не настане меѓународен проблем. Порано оваа држава се нарекуваше Македонија, но поради проблемот со Грците мораше да си го сменат името во Република Северна Македонија и морам и јас многу да внимавам така да го формулирам, за да не настане некоја меѓународен проблем“,рече Орбан на почетокот од интервјуто.

Запрашан која е целта на неговата посета на Македонија после цели 11 години, тој вели дека е тука првенствено за помош на Македонија на евроинтегративниот пат.

Реклама

-И сега имаат еден конфликт со Бугарија кои го блокираат процесот на нивно присоединување кон ЕУ. Поради расправиите околу положбата на националните малцинства, Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ, сметавме дека треба како задолжителни да ги посетиме оние држави кои се во најтешка позиција во однос на зачленување кон ЕУ и да им помогнеме, во решавањето на постоечките конфликти. Тоа е една од причините, за која сум тука. Но има и поважна причина, ние имаме и други прашања, кои се важни, а тоа е прашањето на миграцијата“, додава Орбан.