– Во насока на транспарентно, отчетно и одговорно работење, Општина Илинден организираше отворен ден со граѓаните за креирање на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Александар Георгиевски, заедно со претставници на општинската администрација, директорите на јавните претпријатија и образовните установи, како и членовите на Советот на Општина Илинден, оствари директна средба со граѓаните, на која беа презентирани идеи, предлози, иницијативи и приоритетни проекти за унапредување на квалитетот на живот во општината, информираат од локалната самоуправа.
Сите доставени предлози и барања, како што велат, ќе бидат детално разгледани и анализирани од страна на стручните служби, а согласно финансиските можности и оправданоста на проектите, ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа и Буџетот на Општина Илинден за 2027 година.

Најавуваат дека Општина Илинден ќе продолжи со активното вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки, со цел креирање буџет кој ќе одговори на реалните потреби и приоритети на локалната заедница.

