Реклама

Мицкоски во посета на РЕК „Битола“: се зајакнува домашното производство за стабилна енергетска зима

Нови проекти, враќање на старите долгови, решение за водата за пиење – Струмица во првата година на градоначалникот Јанков

Изградбата на автопатот Прилеп – Битола отвора работни места, потребни над 1.200 работници од различни профили

Студентски оброк: Надлежните нудат пакет поволности, студентите бараат повисок дневен износ

Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра

Македонија чекор поблиску до единствениот европски енергетски пазар – целосна интеграција можна во 2027 година

Денеска е „Црн петок“ – ден за шопинг со реални или нашминкани цени?

Млади иновации за подобри општини

Кристијан и Сара не се соочија во судница – судењето одложено за 1 декември

И Бугари во Устав би можеле да се бадијала: Во пристапните преговори може да има изненадувања што не се предвидени

Казните од „Сејф Сити“ ќе може да се плаќаат преку апликација од следната недела, системот стартува во Струмица и Штип, па во Битола

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Семејно насилство во Гостивар: претепаната жена е на Клиника и стабилна, насилникот сместен во Бардовци

Крварење во главата, четири скршени ребра и бројни модринки и повреди по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крварење во главата, четири скршени ребра и бројни модринки и повреди по целото тело – 42 годишна жена од гостиварското село Галате два дена била тепана и малтретирана од сопругот. Бројните ударити го деформирале. Повредите и ги нанесувал со кујнски прибор, по што жената паднала во безсознание. Сведоци што се случувало во семејниот дом имало, па татко му на 52 годишниот гостиварец дури вчера после пладне повикал полиција и брза помош.

Лекарите од Гостивар ја прегледале и веднаш ја испратиле во Државната клиника поради сериозните повреди. Жената е хоспитализирана наод вчеравечер и во моментов е во стабилна состојба.

  • „Четириесет и две годишна жена од Гостивар е примена во Универзитетскиот клинички центар во 18 и 8 минути. со повреди на градниот кош и главата. Според анамнезата повредите се нанесени од нејзиниот сопруг. По извршените дијагностички процедури констатирани се тешки телесни повреди, скршеници на седмото до десетото ребро, делумен пневмоторакс и мала плеврална ефузија лево во градниот кош кај белодробјето, како и мало крварење во главата. Пациентката е примена во Клиниката за интензивно лекување за понатамошно истражување. Во моментот се наоѓа во стабилна состојба и е свесна и контактибилна“, вели  доктор Игор Мерџановски, директор на ТОАРИЛУЦ.

52 годишниот насилник пак тргнал да се тепа и со полицајците кога го апселе во домот во Галате. Тој од претходно имал медицинско досие – нарушено ментално здравје, па од полицијата го однеле во Бардовци.

Реклама
  • ..„При лишувањето, тој давал отпор и физички нападнал полициски службеници и повредил еден од нив. За настанот е известен јавен обвинител, а М.М. бил спроведен во Психијатриска болница – Скопје.

Гостиварското обвинителство отвори истрага и како што велат сторителот е обезбеден.

  • „Правната квалификација ќе биде одредена согласно доказите. Сторителот е обезбеден и се постапува. Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна кординација и постапување по пријави за семејно насилство “, вели Обвинителството.

Во постапката се вклучени и полицијата и Центарот за социјални работи.