Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Свет

Орбан: Мора да создадеме толку работни места, колку што ќе уништи кризата

Унгарија од сабота, воведува нов фонд за олеснување на економските последници од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарија од сабота, воведува нов фонд за олеснување на економските последници од пандемијата на корона вирусот во земјата.. Премиерот Виктор Орбан,  најави дека во вторник  ќе ги образложи деталите, за, како што го нарече – најголемиот економски стимул на земјата, додавајќи, дека сите економски планови се насочени првенствено на вработувањето.  Орбан рече, дека пакетот за економски стимул, ќе мора да одговори на кризата, бидејќи само до крајот на март има загуба на десетици илјади работни места во Унгарија.

  • Мора да создадеме што повеќе работни места, исто, колку што уништува кризата. Пандемискиот фонд ќе биде усвоен во сабота, а деталните планови за економскиот стимул ќе ги објаснам во вторник – изјави Орбан за државното радио.

Претходно, унграската влада доненесе мерка, со која, здравствените работници ќе добијат годишен бонус од 500.000 форинти односно околу 1.400 евра, за да ги надоместат  дополнителните оптоварувања и ризикот од борбата против вирусот.
Унгарија, како и повеќето други земји, веќе е погодена од падот на економијата предизвикан од епидемијата на КОВИД-19. Деловните активности престанаа во важни сектори, а автомобилската и туристичката индустрија се на работ на колапс.

Орбан  рече дека Унгарија нема да им се придружи на земјите што обезбедуваат неограничени средства за кризата, но ќе се фокусира на зачувување на работните места, и  сите пари што сега ќе се вложат за тоа, подоцна ќе треба да се вратат.

Реклама

Од доаѓањето на власт пред десетина години, Орбан успеа да ја извлече унгарската економија од голем долг и да го намали дефицитот.

 Викторија Миткова