Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Свет

Орбан: Евентуалното членство на Украина во ЕУ ќе и наштети на Унгарија и ќе има последици по Европа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан повторно го критикуваше евентуалното членство на Украина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан повторно го критикуваше евентуалното членство на Украина во Европска Унија и најави дека „сè ќе направи“ за да го спречи тоа. Според него членството на Украина во ЕУ би наштетило на унгарските интереси и би имало последици за Европа.

– Украина би го проголтала секое евро, форинта и злота што досега ги потрошивме за зајакнување на европските семејства, европските земјоделци и европската индустрија … За 10 години, не би бил мирен пред себе, пред своите деца и земјата ако не направам сè за да ги заштитам Унгарија и ЕУ од сонот на Брисел за пристапување на Украина, посочи Орбан.

Украина официјално аплицираше за членство во 2022 година, а пристапните преговори ги почна преговорите во јуни 2024 година. Лидерите на ЕУ ја одредија 2030 година како прелиминарен датум за потенцијалниот влез на Украина. Унгарија како земја-членка на ЕУ има право на вето во секоја фаза од процесот.

Реклама

Односите помеѓу Будимпешта и Киев се влошија минатиот месец кога Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека открила унгарска шпионска мрежа во западниот дел на Украина. Потоа Будимпешта објави дека ги прекинува разговорите со Украина за правата на националните малцинства, што Унгарија долго време го претставуваше како главна пречка во преговорите за пристапување.