Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Општинските инспектори во Струмица заплениле 31 килограми бакар

Инспектори на инспекциските служби во координација со полицијата деновиве заплениле и одзеле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспектори на инспекциските служби во координација со полицијата деновиве заплениле и одзеле 31 килограми бакар од три лица, а за една компанија која управува со отпад заради непоседување дозвола е покрената постапка за спогодување пред Комисија формирана од страна на Министерството за животна средина, соопштија денеска од Општина Струмица.

Оттаму истакнуваат дека дополнително на шест физички лица од страна на комуналните инспектори им се изречени прекршочни глоби од 50 евра по Одлуката за комунален ред, а на четири физички лица по 250 евра од страна на инспекторката за животна средина согласно Законот за управување со отпадот заради согорување на отпад на отворено.

-Засилените контроли во делот со загадување на воздухот од согорување на отпад и бакар на отворено ќе продолжат и во наредниот период во координација со Министерството за внатрешни работи. Според планот за работа на Секторот за инспекциски работи од страна на општинскиот инспектор за животна средина во тек е вршење на редовни инспекциски надзори на правни субјекти кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола, се наведува во соопштението.

Реклама

Се додава дека градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, од надлежните служби очекува посветена и координирана и навремена работа, дејствување во рамките на законот, правилата и можностите, како и активна соработка од граѓаните.