Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Општините Ѓорче Петров: Регионално лидерство и силна соработка за безбеден Лепенец

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска присуствуваше на состанокот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска присуствуваше на состанокот на Надзорниот одбор во општина Хан и Елезит, во рамки на заедничкиот ЕУ-проект „Smart System for Early Flood Detection and Waste Monitoring in the Lepenec River Basin“, финансиран преку IPA III програмата Косово – Македонија.

-Општина Ѓорче Петров останува силно посветена на регионалната соработка и на развојот на современи системи за рано предупредување, заштита и превенција од поплави, имајќи ја предвид важноста од стабилен и безбеден тек на реката Лепенец, која претставува заеднички природен ресурс и споделен предизвик за двете држави, се наведува во соопштението.

На состанокот, како што информираат од Општина Ѓорче Петров, заедно со градоначалникот на Хан и Елезит, претставниците на техничките тимови и партнерските институции, биле разгледани следните чекори во имплементацијата на проектот, насочени кон воспоставување модерна, паметна и сигурна граница со напредни системи за мониторинг и управување со ризици.

Реклама

-Проектот уште еднаш ја потврдува важноста на регионалното лидерство, прекуграничните партнерства и примената на нови технологии. Само со ваков пристап можеме да создадеме долгорочни решенија кои штитат животи, ја унапредуваат животната средина и обезбедуваат одржлив развој. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да работи одговорно, професионално и визионерски, со цел да остане пример за модерно управување и успешни регионални проекти. Ѓорче Петров – Лидер во регионалните проекти и паметните решенија, се наведува во соопштението.