Реклама

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Македонија

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители

Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Струмица и годинава објави јавен повик за ослободување од плаќање на надоместок за престој на деца на самохрани родители во градинките „Детска радост“ и „Виножито“ во текот на целата година.

Според повикот, правото на партиципација во детските градинки се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства, а кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Македонија или кои освен што влегуваат во категоријата самохрани родители или носители на згрижувачко семејство се невработени лица кои живеат на територијата на oпштина Струмица.

Самохрани родители имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца доколку еден од родителот е починат, еден од родителот е непознат и детето е од разведен брак, додека згрижувачките семејства треба да имаат стекнато статус на згрижувачко семејство.

Реклама

Повикот, заедно со пријавата, се објавени на општинската веб страница со сите дополнителни информации и е отворен до 31 јануари.