Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Општина Ресен ќе се модернизира и заштитува со 20 милиони евра европски пари, преку проектот „ЕУ за Преспа“

Изградба на современа инфраструктура, поставување канализациски и водоводни мрежи во населени места,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградба на современа инфраструктура, поставување канализациски и водоводни мрежи во населени места, заштита на националното културно-историско богатство, како и на Преспанското Езеро. Ова се само дел од проектите на кои општина Ресен веќе интензивно работи, а се финансирани со 20 милиони евра од ЕУ преку Проектот „ЕУ за Преспа“.

„Голем проект кој што се вика „ЕУ за Преспа“, кој што е во финална фаза и кој е во вредност од околу 20 милиони евра. Содржи изградба на канализациони системи со пречистителни станици во седум села на крајбрежјето на Преспанското Езеро. Имаме повик за култура, повик за туризам, повик за земјоделие, повик за заштита на животната средина и др.“, – изјави Јован Тозиевски, градоначалник на Ресен.

Освен ова, во рамките на овој Проект влезени е и ОУ „Браќа Миладоновци“ во Царев Двор кое ја зголеми својата енергетска ефикасност преку грант финансиран од ЕУ, како и црквата „Св. Петка“ во селото Брајчино каде фреските треба да се зачуваат во рамките на ACT4PRESPA, прекуграничен проект финасиран од ЕУ за заштита и конзервација на културното наследство во областа на Преспанското Езеро.

Реклама

„Економски развој, повеќе можности за граѓаните од трите страни на границата, економската одржливост, како и зачувување на Преспанското Езеро кое што не е само природно наследство на Преспанскиот регион, туку исто така, се смета и како европско наследство“, – кажа Михалис Рокас, ЕУ-амбасадор во Македонија.

Колку за постетување, како дел од овој мега-проект на ЕУ за европски развој на Преспа е и започнувањето со градежните активности за повторно отворање на Граничниот премин „Маркова Нога“ со соседна Грција, кој од далечната 1967 година беше целосно затворен. Неговата вредност е 14 милиони евра, а во функција треба да биде ставен за 16 месеци.

Каролина Дурло