Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Македонија

Општина Ресен ќе изработи план за управување со Паркот на природата „Езерани“

На иницијатива на градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски, локалната самоуправа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На иницијатива на градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски, локалната самоуправа во соработка со Министерството за животна средина, ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, Фармахем, Македонско еколошко друштво и експерти ќе се изработи нов план за управување со Паркот на природата „Езерани“.

Паркот на природата „Езерани“ од 1996 година со одлука на Собранието на Република Македонија е прогласен за Строг природен резерват, а целата административна територија припаѓа на Општина Ресен.

-Одржавме прв состанок и истиот помина во конститутивна атмосфера, со плодна размена на идеи и предлози за идни активности и мерки кои ќе придонесат за поефикасна заштита и одржливо управување со овој уникатен Парк на природа. Нашата намера е преку соработка, заеднички податоци, адаптивни практики за управување и ангажирање на заедницата да дадеме личен и институционален придонес во подготовката на план за управување со Паркот на природата „Езерани“, информираа од Општина Ресен.

Реклама

Како што е познато, северниот крајбрежен дел на Преспанско Езеро заедно со дел од блатните екосистеми во непосредна близина на брегот кој според истоименото село се нарекува Езерани, е значајно подрачје во национални рамки, но и во европски и светски контекст. Како дел од Преспанско Езеро паркот на прирордата „Езерани“ вклучен е во листата на значајни орнитолошки локалитети или значајни подрачја за птици, потоа на листата на значајни растителни подрачја, како и на рамзарската листа на најзначајни водни станишта во светот.