Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Општина Маврово и Ростуше со нови мерки  за поддршка на учениците во гимназијата во Ростуше

Нови мерки за поддршка на учениците воведува Општина Маврово и Ростуше, овој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови мерки за поддршка на учениците воведува Општина Маврово и Ростуше, овој пат за оние во Средното општинско училиште „Маврово-Ростуше” во Ростуше. 
 
Мерките ги соопшти градоначалникот Онер Јакупоски, кој денеска присуствуваше на настанот „Ден на отворени врати“ во организација на СОУ „Маврово-Ростуше”.  
 
-Настанот предизвика голем интерес кај учениците од деветтите одделенија и нивните родители од сите основни училишта во нашата општина, кои имаа можност детално да се запознаат со условите и програмите на училиштето, информираа од општината. 
 
Во своето обраќање, Јакупоски најави серија конкретни мерки и инвестиции кои ја потврдуваат посветеноста на локалната самоуправа кон младите и нивната иднина во родниот крај. 
 
-Една од мерките е директна финансиска поддршка,  за секој ученик кој ќе се запише во првиот уписен рок во СОУ “Маврово-Ростуше” кој ќе добива еднократна парична помош во висина од 12 илјади денари секоја учебна година, средства обезбедени директно од општинскиот буџет, додаваат од општината. 


 
Ќе се стимулира успехот, при што во тесна соработка со училиштето, воведена е мерка со која сите ученици, од прва до четврта година, дополнително ќе бидат наградувани и стимулирани соодветно на нивниот постигнат успех во текот на учебната година. 
 
Градоначалникот истакна дека во тек е процес на мапирање на сите тековни недостатоци во училиштето, кои ќе бидат целосно надминати и санирани до први септември, со цел учениците да ја започнат новата учебна година во современи и подобри услови. 


 
Како дел од долгорочниот план за развој, најавено е дека од следната учебна 2026/2027 година во училиштето,  ќе бидат отворени нови образовни насоки, со цел да се одговори на интересите на сите ученици и потребите на пазарот на труд. 
 
-Нашата цел е јасна – квалитетно образование и силна финансиска поткрепа за секое семејство. Инвестирањето во нашите деца е инвестиција во иднината на Маврово и Ростуше. Сакаме младите да знаат дека нивната општина стои зад нив со конкретни дела, а не само со зборови- рече градоначалникот Јакупоски. 
 

Реклама


Посочи дека Општина Маврово и Ростуше продолжува да биде партнер на младите, создавајќи услови тие да се изградат во успешни личности токму тука, во својот дом.