Реклама

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Македонија

Општина Куманово ќе го преземе поранешниот „Пионерски дом“, доколку одлучи ресорното министерство

Општина Куманово има волја да го преземе објектот на поранешен „Пионерски дом“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово има волја да го преземе објектот на поранешен „Пионерски дом“, но досега поднесените шест иницијативи биле одбиени, соопшти на последната седница на Советот градоначалникот Максим Димитриевски.

– Во делот на предавање на овој објект во сопственост на Општина Куманово, во сите шест иницијативи бевме одбиени. Последниот разговор со заменик-министерот во ресорното министерство е дека постои политичка волја истиот да ни се отстапи, за да можеме првично да го исчистиме, потоа физички да го заштитиме и да спречиме неосновано влегување на трети лица, како и да изработиме целосна техничка документација за негова реконструкција-изјави Димитриевски.

Клучниот проблем останува правниот статус на објектот. Според важечките урбанистички планови, објектот е наменет за образование, додека во моментов дел од просториите ги користи детска градинка.

Реклама

-Не постои ниту еден законски основ објектот да се впиши во имот на Општина Куманово и на градинката „Ангел Шајче“, затоа што има намена образование, а не социјална и детска заштита. Тоа значи дека при реализацијата на проектот своевремено е прекршен законот, но за жал никој досега не одговарал-кажа Димитриевски.

Дополнително, состојбата на објектот е сериозно нарушена, делови од инсталацијата биле демонтирани и отуѓени, радијаторите и дел од техниката беа разнесени, односно објектот беше целосно демолиран.

Од општината најавуваат дека, доколку се реши прашањето на сопственост, ќе се пристапи кон обезбедување финансиски средства. Планот е објектот да ја добие својата првична намена, образование, со можност за развој и на неформални образовни содржини.

– Значи од момент кога ќе имаме право на владение ние ќе ја спроведеме целата постапка, ќе изготвиме документации. Како што за многу проекти најдовме пари и во државата и кај странските донатори исто така на тој начин ќе бараме или странски донатор или пак дефинитивно ќе се обратиме кај Владата да обезбедиме средства за реконструкција на истиот којшто нема да биде и да се користи за детска и социјална заштита во целост туку истиот ќе исполни својата основна намена а тоа е во делот на образовниот процес или дополнителното формалното тест неформално образование-објасни Димитриевски.

Секретарот на општината, Емилија Сларидис Јаневска информираше дека постапката е во тек.

– Точката на Влада е одложена сè додека ресорното министерство не ни даде согласност. Повторно е ставена на Влада, меѓутоа е одложена со цел да се договори ресорното министерство да ни даде согласност за да го земеме Пионерскиот дом во трајно владение-кажа Сларидис-Јаневска.

Дел од просторот од поранешниот „Пионерски дом“ е градинка, но останатиот веќе е руиниран и е мета на вандали, иако се наоѓа во централно градско подрачје помеѓу две училишта и градинка.