Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Општина Крива Паланка и годинава обезбеди бесплатен летен одмор за дечиња од ранливи категории

Дваесет и пет дечиња од семејства во социјален ризик од Општина Крива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дваесет и пет дечиња од семејства во социјален ризик од Општина Крива Паланка денеска заминаа на бесплатен летен одмор на сметка на општината, во рамки на мерката за бесплатно летување на деца од семејства во социјален ризик од Програмата за социјална, детска и здравствена заштита.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски денеска ја испрати новата група основци кои во наредните седум дена бесплатно ќе престојуваат во детскиот камп „Радости“ на брегот на Охридското Езеро.

Митовски им посака среќен пат, пријатен престој и убави спомени исполнети со дружење, игра и нови искуства.

Реклама

Мерката се реализира трета година по ред, опфаќа целосно покриени трошоци за превоз, сместување, исхрана и осигурување, како и организирани спортски, едукативни и забавни активности под надзор на стручни лица. Право на користење на услугата имаат деца од социјално ранливи категории кои се редовни ученици во основните училишта на територијата на Општина Крива Паланка.

-Денес испративме уште една група деца во детскиот камп „Радости“ на брегот на Охридското Езеро. Овој бесплатен седумдневен камп е многу повеќе од обично летување, претставува одлична можност децата да се социјализираат, да создадат нови пријателства и да ги развиваат своите социјални потенцијали- изјави Митовски.

Тој истакна дека на оваа мерка гледа и како на значаен придонес во спречувањето на маргинализацијата на децата од социјално загрозени семејства.

-Сите деца, без разлика на нивната социјална положба, заслужуваат еднакви можности за раст, развој и среќно детство. Токму затоа продолжуваме да инвестираме во мерки што овозможуваат поголема социјална вклученост и еднакви шанси за секое дете- нагласи Митовски.

Годинава, вкупно 25 деца ги исполниле условите за користење на оваа мерка.