Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Општина Кочани го објави конкурсот за студентски стипендии за 2025/26 година

Општина Кочани го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти жители…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Кочани го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани за академската 2025/2026 година. Општината ќе додели 30 стипендии на студенти запишани на прв циклус студии на јавните високообразовни институции во Македонија и тоа: најмногу пет стипендии за студенти од ромската етничка заедница и студенти лица со попреченост и со ретки болести, десет стипендии за студенти од социјално загрозени семејства, најмногу пет стипендии за студенти запишани на факултети за медицински науки, а останатите за студенти кои постигнале висок успех во студирањето.

Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница, студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести, студенти запишани на факултети за медицински науки или нивните пријави се оценети како неприфатливи, стипендиите распределени за овие категории, може да бидат доделени на студенти од социјално загрозени семејства пријавени по јавниот конкурс, кои ги исполнуваат условите за доделување стипендија, според редоследот на рангирање по бодови согласно изготвената ранг-листа.

Месечниот износ на општинската студентска стипендија е 4.000 денари и се доделува десет месеци.

Реклама

Пријавата и потребните документи се поднесуваат до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, Кочани, најдоцна до 28 ноември 2025 година.

Условите, критериумите за доделување на стипендиите, начинот и обрасците за пријавување се објавени на веб-страницата на Општина Кочани, kocani.gov.mk и на огласната табла пред општинската зграда.