Реклама

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Македонија

Општина Кавадарци ги дигитализира автобуските постојки за Градскиот превоз

Осум, од вкупно 35 автобуски постојки за Градскиот превоз во Кавадарци се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осум, од вкупно 35 автобуски постојки за Градскиот превоз во Кавадарци се комплетно дигитализирани. Оваа модернизација во вредност од 1,4 милиони денари овозможува следење на движењето на автобусите во реално време со што се заштедува и времето на чекање на граѓаните, а и точно планирање на нивните обврски без задоцнувања. Освен ова, дигитално автоматизираните постојки се обезбедени и со видео-надзор, а има и тотеми на кои ќе можат да се рекламираат фирми со што би се намалиле трошоците на ЈП „Градски превоз“ за тековното одржување на овој современ систем.

„Комплетирани се 8 автобуски постојки со целосно функционален систем за дигитализација на автобуските постојки. Значи, во зависност на локацијата на која автобуска постојка се наоѓаме, тоа е како наслов на автобуската постојка на која се наоѓаме, а на другите делови има информација кои линии поминуваат тука и за колку време во риал тајм пристигнува автобусот, за колку минути…Еден вид на сигурност имаме на самите локации со поставувањето на видео-надзор на автобуските постојки“, – вели Александар Ѓорѓиев, директор на „Градски превоз“ – Кавадарци.

Дигитализацијата на автобуските постојки продолжува се’ додека не бидат дигитализирани сите. Напоредно се работи и на изградбата на два, големи градски паркинг-простори, кои исто така ќе бидат дигитализирани и обезбедени со 24-часовен видео-надзор. А за што поголема безбедност во се’ погустиот сообраќај, општината интензивно работи и на целосно покривање на градот со „сејф сити“ камери, а кои сега ги има околу 360 од Моклиште до Сопот и Марена.

Реклама

„Во процес сме сега, покрај оваа инвестиција на ЈП за Градски превоз, и ЈП за паркирање да набави опрема од 8 камери. Опремата од 8 камери ќе се состои од тоа што две возила електрични возила кои што нема да загадуваат, во континуитет ќе движат низ зоните на паркирање, негде на над 1.700 паркинг-места што ги имаме и самата камера ќе ги снима таблиците во делот на прописно/непрописно паркирање“ – изјави Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.

Инаку, кавадарчани сите овие услуги ги добиваат за симболична цена од само 45 ден. за билет, а градот е поврзан со јавен превоз со сите населени места. Пензионерите и социјално-згарозените лица имаат бесплатен превоз.

                                                                                       Каролина Дурло