Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Општина Ѓорче Петров со прво признание за лидерство во енергетската транзиција и развој на енергетски заедници

Општина Ѓорче Петров е прва општина во Македонија која официјално е акредитирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров е прва општина во Македонија која официјално е акредитирана како дел од европската иницијатива LIFE LOOP – престижна програма на Европската Унија што поддржува енергетска транзиција, одржлив локален развој и создавање енергетски заедници. Со ова признание, Ѓорче Петров се вбројува меѓу иновативните европски општини кои активно промовираат нови решенија за чиста енергија и ја поттикнуваат соработката меѓу граѓаните, институциите и приватниот сектор во насока на зелена и енергетски одржлива иднина, информираат од локалната самоуправа.

-Добивањето на официјалниот сертификат за поддршка и развој на енергетски заедници претставува значаен успех на општината на патот кон остварување на визијата за почиста енергија, повисока транспарентност, поголемо учество на граѓаните и заеднички енергетски решенија. Проектот LIFE LOOP се фокусира на развој на локални енергетски заедници преку кои граѓаните директно учествуваат во процесите на производство, потрошувачка и управување со обновливи извори на енергија. Овој модел, кој веќе успешно се применува во неколку земји од Европската Унија, создава нова култура на енергетска солидарност и заедничка одговорност, велат од Општина Ѓорче Петров.

Нагласуваат дека општината преку своите стратешки планови и досегашни инвестиции во одржлива инфраструктура, покажува континуирана посветеност кон енергетската ефикасност, заштитата на животната средина и имплементацијата на европски стандарди во локалното управување.

Реклама

-Ова признание е резултат на нашата визија за зелена, ефикасна и одговорна општина, која се грижи за своите граѓани и ја гради иднината на темели на одржлив развој. Благодарност до сите партнери, институции и граѓани што активно се вклучуваат во процесите на енергетска транзиција. Ѓорче Петров уште еднаш го потврдува својот статус како пример за модерно, енергетски свесно и европски ориентирано локално управување, изјави градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Најви дека следниот чекор е изработка на локална стратегија за развој на енергетски заедници, што ќе овозможи нови инвестиции во обновливи извори на енергија, намалување на јаглеродниот отпечаток и зголемување на квалитетот на живот за сите жители.

-Општината упатува голема благодарност до сите партнери, засегнати страни и граѓани за нивниот придонес во развојот на оваа иницијатива. Со ова признание, Ѓорче Петров уште еднаш ја потврдува својата улога како водечка општина во процесот на енергетска и еколошка трансформација во Македонија, поставувајќи високи стандарди на локално ниво и отворајќи нови перспективи за одржлива иднина, додаде Стојкоски.