Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Општина Ѓорче Петров одбележа 81 година од ослободувањето

Со пригодна свеченост во реонскиот парк, Општина Ѓорче Петров денеска го одбележа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пригодна свеченост во реонскиот парк, Општина Ѓорче Петров денеска го одбележа 14 ноември – Денот на ослободувањето на општината, ден кога пред точно 81 година слободата го пронашла својот пат и го означила почетокот на новото поглавје во историјата на оваа заедница, стои во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

На настанот присуствуваа претставници на локалната самоуправа, членови на делегации, советници, вработени во општината и бројни граѓани, кои со пиетет се потсетија на храброста и жртвата на борците кои ја донеле слободата.

Во своето обраќање, градоначалникот Александар Стојкоски истакна дека 14 ноември е ден на гордост, благодарност и обврска кон минатото и иднината.

Реклама

-Ова е денот кога слободата го пронајде својот пат и ја запечати судбината на ова место како симбол на отпор и достоинство. Нашата должност е нивната жртва да не се заборави, нивните имиња да останат врежани во колективната меморија, а нивниот дух да не води и во современите времиња – рече Стојкоски.

Тој додаде дека современо Ѓорче Петров денес е општина на развој и можности.

-Денес Ѓорче Петров е симбол на развој, на нови можности, на заедништво и човечка срдечност. Го градиме како современа и просперитетна општина, каде што секој граѓанин има право на достоинствен живот, безбедност и квалитетна инфраструктура – нагласи Стојкоски.

Градоначалникот потенцираше и дека љубовта кон татковината не се мери со зборови, туку со дела.

-Љубовта кон својата земја се покажува со секојдневна посветеност, со секое засадено дрво, секоја изградена улица, училиште, градинка и секој проект што го подобрува животот на граѓаните. Слободата не се подарува – таа се заслужува, се брани и се гради секојдневно – подвлече Стојкоски во своето обраќање пред присутните.