Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Општина Демир Хисар со јавни опомени до даночните обврзници за неплаќање данок

Општина Демир Хисар преку Одделението за финансиски прашања јавно го објави списокот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Демир Хисар преку Одделението за финансиски прашања јавно го објави списокот на физички и правни лица, даночни обврзници кои не го подмириле долгот кон општината.

Акцијата за прибирање на данокот се одвива под мотото „Мојот данок, за мојата Општина – до подобри општини со навремено подмирување на долгот!“ и се очекува до средината на идниот месец да заврши со подигнување на даночните решенија кои ги издава Одделението за финансиски прашања на Општина Демир Хисар.

– Сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, на кои не им било доставено решение, или од кои било причини не добиле решение со соодветно задолжение за 2025 година и опомени за заостанат долг за данок на имот за периодот заклучно со 2024 година и опомени за заостанат долг за комунална такса заклучно со 2025 година, да се јават во Одделението за финансиски прашања во Општина Демир Хисар за подигање на даночните решенија. Списоците со недоставени решенија и опомени се објавени на огласна табла во просториите на Општина Демир Хисар, како и на официјалната веб страна www.demirhisar.gov.mk, посочија од тамошната локална саммоуправа.

Реклама

Според јавно објавениот список на недоставени решенија за комунална такса за 2025 година и недоставени опомени заклучно со 2025 година, евидентирани се 38 физички и правни лица чиј данок се движи од 500 до 96 илјади денари, додека на списокот на недоставени решенија за данок на имот за физички и правни лица за 2025 година и недоставени опомени заклучно со 2024 година се 604 физички и правни лица чиј данок се движи од 80 денари до 28 илјади денари, информираа од Општина Демир Хисар.