Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Општина Центар: Најстроги санкции по свлечиштето на „Теодосиј Гологанов“, нема толеранција за несовесни инвеститори

Изречени се најстроги казни и санкции во согласност со Законот за комуналните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изречени се најстроги казни и санкции во согласност со Законот за комуналните дејности по појавата свлечиште на булеварот Теодосиј Гологанов, во близина на Католичката црква, откако инспекциските служби вчера и денеска извршиле увид на состојбите и утврдиле непочитување на законските обврски и предизвикување штета врз јавната инфраструктура. 

– Инспекциските служби на Општина Центар, во координација со Министерството за внатрешни работи, Државниот градежен инспекторат и стручните служби од Секторот за урбанизам, постапувале на терен по инцидентот на булеварот Теодосиј Гологанов, во близина на Католичката црква, каде што е евидентирано свлечиште и оштетување јавна површина и инфраструктура во непосредна близина на градежен зафат. При извршениот увид констатирани се оштетувања на коловозот, тротоарската површина, канализациската мрежа и уличното осветление, како и низа неправилности во однос на изведбата на објектот. Инспекциските служби утврдија дека постои свлечиште на земјиштето по што веднаш се изречени најстроги законски казни и санкции во согласност со Законот за комуналните дејности поради непочитување на законските обврски и предизвикување штета врз јавната инфраструктура – соопшти Општина Центар. 

Паралелно со инспекцискиот надзор, екипи на Општина Центар презеле итни мерки за обезбедување на локацијата. Поставени се сигурносни појаси и предупредувачки ленти со цел заштита на граѓаните и безбедно движење во непосредна близина на оштетениот простор, особено имајќи предвид дека градилиштето се наоѓа во непосредна близина на станбени објекти.

Реклама

Во текот на денешниот ден на терен бил повикан и државен градежен инспектор, кој заедно со стручните служби на Општина Центар констатирал дополнителни неправилности поврзани со изведбата на градежните активности. Истовремено, Општина Центар стапила во контакт со професори од Градежниот факултет и побарала стручна експертиза и мислење за настанатата состојба и можните ризици.

– Во врска со случајот, од страна на Општина Центар до Основното јавно обвинителство е доставено официјално известување со цел понатамошно постапување во рамките на нивните надлежности. Дополнително, од страна на градежниот инспектор на Општина Центар ќе биде побарано одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата, а Општина Центар ќе побара и утврдување одговорност од надзорот и изведувачот на објектот поради несоодветно и несовесно постапување во согласност со законските прописи. За случајот ќе следуваат и соодветни пријави и постапки пред сите надлежни институции – велат од Општината. 

Од Општина Центар порачуваат дека нема да толерираат несовесно и неодговорно постапување од страна на инвеститори, особено кога се загрозува безбедноста на граѓаните и се оштетува јавниот простор. Инвеститорот, потенцираат, е задолжен итно да го обезбеди просторот, да преземе мерки за санација врз основа на експертизата од Градежниот факултет и целосно да ја врати оштетената инфраструктура во првобитната состојба.

– Општина Центар останува на терен и будно ќе го следи случајот сè до целосно отстранување на последиците и обезбедување на безбедноста на граѓаните – се вели во соопштението.