Општина Битола ќе субвенционира дел од трошоците за чистење оџак во домаќинствата, во фиксен износ до 1.500 денари по домаќинство.
Од Секторот за односи со јавност информираат дека целта е да се поттикне редовно одржување и чистење на оџаците во домаќинствата, намалување на емисиите на загадувачки материи во воздухот, спречување на појава на пожари и унапредување на безбедноста на домаќинствата, на жителите на Општина Битола.
Јавниот повик се спроведува по принципот „прв дојден, прв услужен“ и завршува до искористување на обезбедените финансиски средства.

