Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Општина Битола ги интезивира инфраструктурните проекти во градот

Општина Битола ја интензивира реализацијата на инфраструктурни проекти на повеќе локации во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Битола ја интензивира реализацијата на инфраструктурни проекти на повеќе локации во урбаниот и руралниот дел на општината.

Од секторот за односи со јавност информираат дека во тек се градежни активности, реконструкција на дел од коловозот на улицата „Леринска“ и на дел од улицата „Христо Узунов“, а се уредува и паркинг просторот во непосредна близина на СВР Битола.

-Во моментов јавното претпријатие „Нискоградба“  изведува мешовита фекална и атмосферска канализација, а ќе се изведуваат и приклучоци за куќите на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Според проектот планирано е и асфалтирање на улиците. За реконструкција на коловозот ќе се вложат 4 милиони денари, а за изведбата на канализацијата 2,8 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Битола, велат од општината.

Реклама

Локалната самоуправа, додаваат, врши и уредување на неорганизирана земјена површина во непосредна близина на СВР Битола.

-Партерното уредување со бехатон плочки е на површина од околу 800 квадратни метри, а проектот вклучува и решение на канализацијата, односно преку собирни одводни решетки, насобраната атмосферска вода ќе се одведува од партнерната површина. Вкупната сума за реализација на овој проект е околу 2,3 милиони денари, a изведувач на работите е ЈП „Нискоградба“, информираа од тамошната локална самоуправа.

Општина Битола ќе продолжи со уредување и на други простори од каде што беа отстранети т.н. „диви“ гаражи и ќе се направат нови паркинг простори како што се местата викани „Овчи Пазар“, „Ат Пазар“, „Хеликоптерот“, „Кифлата“ и локацијата во близина на „Дрвен Пазар“.