Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Општина Берово спроведува дератизација на канализациониот систем

На подрачјето на Општина Берово денеска започна општата дератизација на канализациониот систем, како дел од редовните превентивни мерки за заштита на населението од заразни болести и обезбедување здрава животна средина. Активностите се реализираат согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На подрачјето на Општина Берово денеска започна општата дератизација на канализациониот систем, како дел од редовните превентивни мерки за заштита на населението од заразни болести и обезбедување здрава животна средина.

Активностите се реализираат согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести за 2026 година на Општина Берово.

Од локалната самоуправа информираат дека дератизацијата ја спроведуваат стручни екипи на Центарот за јавно здравје – Куманово, врз основа на склучен договор за реализација на мерките за заштита на населението од заразни болести на територијата на општината.

Реклама

-Со акцијата ќе бидат опфатени градот Берово, како и населените места Русиново, Ратево, Владимирово, Смојмирово, Будинарци и Митрашинци. Покрај тоа, третман ќе биде извршен и на депонијата за комунален отпад, како и во туристичката населба Беровско Езеро, информираа од Општина Берово.

Во рамки на дератизацијата, како што додадоа оттаму ќе бидат третирани околу 300 шахти од канализациониот систем, при што ќе се користат кумарински мамци во различни облици – парафински блокови, пелети и брикети. Надлежните посочуваат дека ваквиот третман претставува ефикасна мерка за контрола на популацијата на глодари и намалување на ризикот од појава и ширење на заразни болести.

Од Општина Берово нагласуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со спроведување на превентивни активности насочени кон заштита на здравјето на граѓаните и одржување на безбедна и здрава животна средина, во согласност со законските обврски и годишните програми за јавно здравје.