Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Општина Берово со јавен повик за субвенционирање на инвертер клими и топлински пумпи

Општина Берово објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетски ефикасни грејни тела – инвертер клима уреди и топлински пумпи, во рамки на Програмата за енергетска ефикасност за 2026 година. Согласно повикот, Општината ќе субвенционира до 50 проценти од вредноста на набавениот уред, но не повеќе од 15.000 денари по […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Берово објави јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на енергетски ефикасни грејни тела – инвертер клима уреди и топлински пумпи, во рамки на Програмата за енергетска ефикасност за 2026 година.

Согласно повикот, Општината ќе субвенционира до 50 проценти од вредноста на набавениот уред, но не повеќе од 15.000 денари по одобрено барање. Финансиската поддршка ќе се доделува по принципот „прв дојден, прв услужен“, сѐ до исцрпување на средствата предвидени во буџетот за оваа намена.

Право на аплицирање имаат жителите на Општина Берово кои немаат добиено финансиска поддршка за истата намена од друг извор во државата, претходно користеле печка на јаглен, дрва, нафта или мазут и набавиле енергетски ефикасен уред што ги исполнува пропишаните критериуми, односно има најмалку енергетска класа А++ или SCOP фактор од најмалку 4.0.

Реклама

Еден од условите е новиот уред да биде купен во периодот на траење на јавниот повик и да биде инсталиран на адресата на живеење на барателот. Исто така, станбениот објект не смее да биде во фаза на градба, а од едно домаќинство може да се поднесе само едно барање.

Во рамки на повикот се предвидени и приоритетни категории при распределбата на дел од средствата. Предност ќе имаат стари лица и пензионери кои живеат сами, семејства со член – лице со попреченост, приматели на социјална помош и лица во социјален ризик, самохрани родители, како и повеќечлени семејства со пет или повеќе членови, односно три или повеќе деца.

Апликантите се должни да достават комплетна документација, меѓу која барање, лична карта, доказ за извршена набавка и плаќање на уредот, документација за неговите енергетски карактеристики, потврда за платен данок на имот, трансакциска сметка и соодветни изјави, а за лицата кои конкурираат по основ на приоритет потребно е да приложат и дополнителни документи со кои го докажуваат својот статус.

Јавниот повик ќе трае 60 дена од денот на неговото објавување, а барањата се доставуваат во затворен плик преку Архивата на Општина Берово. По административната проверка на документацијата, Комисијата ќе врши и теренски увид за да ја потврди инсталацијата на новиот уред и престанокот на користење на старото грејно тело, по што градоначалникот ќе донесе решение за одобрување или одбивање на барањето.