Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Општина Аеродром: Континуирани контроли на градилиштата, изречена глоба од 1.300 евра

Општина Аеродром информира дека спроведува засилен инспекциски надзор и дека е изречена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Аеродром информира дека спроведува засилен инспекциски надзор и дека е изречена глоба од 1.000 евра за компанија и 300 евра за одговорното лице поради прекршување на Законот за јавна чистота.

– При извршена контрола на градилиште во близина на СУГС „Димитар Влахов“ на булевар „Трета македонска бригада“, инспекторите утврдија дека градежни возила се движеле по коловоз со нечисти гуми, со што се нарушува чистотата на јавните површини и се создава дополнително загадување. Општината нема да дозволи несовесно постапување, а прекршувањата ќе се санкционираат строго и без исклучок. Во наредниот период ќе продолжат и дополнително ќе се интензивираат контролите на сите активни градилишта, стои во соопштението. 

Од Општина Аеродром наведуваат дека ќе се посвети внимание на: почитување на мерките за заштита на животната средина, спречување на загадување и несоодветно одлагање отпад, одржување чиста и безбедна околина околу градилиштата и заштита на јавните површини од узурпација.

Реклама

Апелираат до сите изведувачи и инвеститори да ги исполнуваат своите законски обврски.

– Само со дисциплина и одговорност можеме да обезбедиме уредна, чиста и безбедна средина за сите жители на Аеродром, стои во соопштението.