Реклама

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Македонија

Онлајн конференција „Како да креираме општество без бариери?“

Здружението „Икуалити“, во рамки на меѓународниот проект „ID: CITIZEN“, организира онлајн конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Здружението „Икуалити“, во рамки на меѓународниот проект „ID: CITIZEN“, организира онлајн конференција посветена на унапредување на пристапноста, универзалниот дизајн и системските решенија за еднакво учество на лицата со попреченост во јавниот простор и заедницата.

На конференцијата, како што е најавено, ќе бидат претстави клучните искуства и резултати од студиските посети реализирани во Полска и Словачка како и публикацијата „Препораки за политики за подобрена инклузивност“ – документ со практични насоки и предлози за воспоставување системска пристапност, подобрување на движењето низ градовите, унапредување на јавните простори и примена на инклузивни практики во сите четири земји.

Главната порака на конференцијата е дека пристапноста не смее да биде привилегија или дополнителна мерка, туку основно право и составен дел од планирањето на секоја заедница. Доколку јавниот простор не е системски проектиран за сите граѓани, тој станува бариера која исклучува наместо да поврзува.

Реклама

Конференцијата ќе ја предводат претставници на партнерските организации Здружение „Икуалити“ од Македонија, Фондација „Интеграција“ од Полска, Организација „Рака под рака“ од Унгарија и Здружение „Тененет“ од Словачка, а учество ќе земат претставници на институции, општини, професионалци од областа на урбанизмот, архитектурата, културата и социјалната инклузија, граѓански организации, како и сите засегнати страни кои работат на унапредување на пристапноста и еднаквото учество во општеството.

Проектот е поддржан од Меѓународниот Вишеградски фонд, кој ја поддржува регионалната соработка меѓу организациите на граѓанското општество за унапредување на нивните односи, размена и споделување идеи и промовирање на меѓусебно разбирање.