Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Охриѓани со поделени мислења дали треба да се затвори градот за велигднеските празници

Охриѓани со поделени мислења околу тоа дали за Велигденските празници треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охриѓани со поделени мислења околу тоа дали за Велигденските празници треба да се забрани влез на жителите од други општини во туристички Охрид -барање кое што Кризниот штаб на општината го достави до Владата.

Не,не би рекла таа слобода да му ја одземиш на човекот.Кој сака ќе излези, кој не сака ќе си седи дома.Не знам, не исправно би било.Ништо не е страшно.Тоа е предлог на општина Охрид заради ширење на вирусот?Колку што гледаме на телевизија умрел овој, па станал оној ; Никој да не доаѓа,ни еден.Зошто? Затоа што ќе донесат вирус ; .Да,се слагам со тоа прва лига е.Зошто? Еве какво е времето мора да се пазиме.Среќни празници и ова што побрзо да се мафнит,е така чао;. – велат охриѓани.

За епидемиологот Караџоски, барањето на охридскиот градоначалник да се оневозможи посета на Охрид каде има голем број викенд станови и куќи чии сопственици празнично доаѓаат,било нехумано и епидемиолошки неиздржано.Рече, за полесно да спиете рачунајте дека во цела држава има Ковид.

Реклама

Затварање во својата љуштура,односно во своето гето кое што велиме ќе се вика затворено за останатите жители на државата, прво не е коректно, второ тие луѓе плаќаат порез на општината каде што вие живеете, односно каде градоначалникот собира пари од тие  луѓе од даноците, трето добивате или добива помош општината од државата – вели Д-р Жарко Караџоски-Институт за јавно здравје

Караџоски го навлече гневот на охриѓани.

“Докторе, држи се до струката,за друго абер немаш.Дали не е Ваша препорака да седиме дома во своите микро љуштури?Дали не е Ваша препорака да не патуваме освен ако не мораме заради неодложни работи?Дали патувањето во друг град  за викенд е неодложна работа?

-И охриѓани кои ги исплукавте плаќаат данок од кој Вие и Вашите колеги земате плата.

-Данок плаќаат и сопствениците на кафетериите и рестораните па не смеат да ги користат по Ваша препорака,зошто тогаш не скокавте како див петел “- ова се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку после 61 часовната забрана за движење, убавото време за прошетка го искористија, но не само охриѓани.

Повеќето од дуќаните во охридската чаршија се затворени,не работат нити угостителските објекти,но сепак денес беше раздвижено а во централното градско подрачје немаше слободен паркинг простор. Дел до автомобилите според регистарските таблички,беа од други градови.

 

Росица Голабоска