Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Охридското езерско крајбрежје нема услови за изведување на скокови и акробации во вода

Скокнал од малото пристаниште во езеро и завршил со тешка повреда на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скокнал од малото пристаниште во езеро и завршил со тешка повреда на рбетниот мозот која ќе го остави парализиран од половината надоле за цел живот. Овој немил инцидент на 14 годишно момче што се случи неодамна во Охрид го извади на површина проблемот со изведувањето на скокови и акробаци во езерото, крајбрежје каде не постојат плажи или места за капење кои ги исполнуваат условите за ваков вид активности, кои налагаат посебни мерки. Сепак, занемарувајќи го ова, многу капачи, претежно млади на сопствен ризик скокаат доведувајќи го опасност животот, како што е случајот со 14-годипното момче.

 “Беше донесен пациент на 14 годишна возраст, со тешка телесна повреда на вратот и комлетна одземеност на долните екстемитети како и одземеност на горните екстремитети.Веднаш беше пристапено кон дијагностички процедури,направена КТ на вратот, при што беше констатирана тешка фрактира на 5-тиот вратен пршлен” –вели д-р Харалампие Шокароски, директор на Свети Еразмо

Дното на Охридското езеро е со специфична конфигурација,има подводни карпи, израслини,некаде и остатоци од метални шипки од стари мостови како и од платформите кои се рушеа пред 4 години. Скокањето во вода е исклучително опасно и во најголем број од случаите лицата за жал завршуваат со тежок инвалидитет.

Реклама

 “Капачите не ги знаат условите каде е плитко каде длабоко, па ќе се зарине долу под вода.Посебно во раните утрински часови кога нема видливост за капење настануваат големи трагедии, посебно кај вака млади деца кои што неискусни дошле на летување и сами превземаат одредени активности кои што се навистина трагични по нивното здравје”– вели Шокароски

Само на дел од калиштата се поставени соодветни знаци со информации за тоа колкава е длабината,какво е езерското дно и каде е безбедно да се пристапи во вода,велат од Црвениот крст укажувајќи дека и на базените кај нас не смее да се изведуваат скокови во вода,затоа што не го исполнуваат условите.

“Она што треба да им се каже на туристите и да се апелира до сите оние кои што доаѓаат да ги користат капалиштата, да ги користат безбедните капалишта”  -вели Сашо Точков од Црвен крст Охрид

Инаку само за еден месецспасителите на вода извлекле 17 давеници од кои и едно 9 годишно дете кај Свети Наум-сите можеле да завршат фатално.Изведени се и над 400 интервенции на укажување на прва помош.