Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Охридските пожарникари го прославија празникот, посета од градоначалникот Пецаков

Со вклучени сирени и дефиле низ улиците на градот, пожарникарите од Територијалната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со вклучени сирени и дефиле низ улиците на градот, пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Охрид го одбележаа 20 Мај – Денот на пожарникарите.

На настанот присуствуваа претставници на службата, претставници од Фронтекс, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, како и ученици од ОУ „Григор Прличев“.

Пожарникарите ги поздрави градоначалникот Пецаков, кој им се заблагодари за пожртвуваноста, храброста и максималната посветеност во извршувањето на секоја од работните задачи, им го честита празникот и секако им посака што помалку интервенции.

Реклама

– Како Локална самоуправа, наш врвен приоритет останува континуираното инвестирање во оваа служба. Продолжуваме со подобрување на условите за работа во самата единица, рече Пеацков притоа врачувајќи му плакета на најдобриот пожарникар, Темелко Колоски.

Заменик-командирот Коста Кузмановски истакна дека ТППЕ Охрид веќе ги надминува балканските рамки и се движи кон европските стандарди.

– После 25 години се набавени нови интервентни униформи за сите 40 припадници на нашата единица. Со тоа безбедноста на пожарникарите е на едно високо ниво, а со тоа и безбедноста на граѓаните на Општина Охрид, Општина Дебрца, како и на туристите кои претстојуваат во нашиот град. Во соработка со локалната самоуправа, набавено е доста опрема во изминатиот период, така што можам да кажам со задоволство дека излегуваме од тие балкански рамки и веќе се ближаме кон европските рамки. Службата во моментов брои 40 пожарникари. Постои голем интерес за нашата служба и се надевам дека во следниот период ќе имаме и некои курсеви за да се направи правилна селекција, бидејќи едно е желбата, а други се можностите, рече Кузмановски.

Инаку, заедно со пожарникарите празникот го прославија и најмладите охриѓани, дечињата од основото училиште „Григор Прличев“, кои имаа несекојдневна можност да бидат дел од празничното дефиле односно да се повозат низ градот со противпожарните возила.