Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Охрид му оддаде почит на д-р Анастас Коцарев со спомен-плоча и посебно место за неговиот орден во Куќата на Робевци

Охрид денеска на свечен и симболичен начин му оддаде почит на д-р…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид денеска на свечен и симболичен начин му оддаде почит на д-р Анастас Коцарев, истакнат лекар и патриот, кој своето дело го афирмира во светот носејќи го со себе духот на родниот град.

Во присуство на градоначалникот Кирил Пецаков, членови на семејството и многубројни граѓани беше откриена спомен-плоча пред влезот на неговата родна куќа во стариот дел на градот.

Пецаков истакна дека обврска на Градот е да му се оддолжи на Коцарев за неговиот придонес во афирмацијата на Охрид, Македонија и македонското прашање.

Реклама

„Коцарев ќе остане запаметен и нема да биде заборавен. Ова е само почеток – од одбележувањето на денот на неговото упокојување до поставувањето на спомен-плочата, а ќе следуваат и други активности“, рече Пецаков најавувајќи иницијатива плоштадот кај Стариот чинар да го носи неговото име.

Од името на семејството Соња Коцарева-Трпезановска потсети на неговото дело нагласувајќи дека Коцарев како светски признат онколог бил длабоко вграден и во борбата на македонскиот народ за сопствена држава.

„Конечно му се оддава почит во неговиот роден град. Се надеваме дека еден ден достоинствено ќе се врати во Охрид, каде што редовно ќе го чествуваме“, истакна таа.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова синоќа постхумно го одликува Коцарев со орденот „Илинден 1903“ за исклучителниот придонес во медицината и во борбата за независна Македонија.

Одликувањето, едно од највисоките државни признанија, семејството го донира на Заводот и Музеј – Охрид, каде што ќе биде изложено во Куќата на Робевци.

Директорот на установата, Горан Патчев, истакна дека е чест институцијата да го чува ова значајно сведоштво.

„Сеќавањето на Коцарев не ја збогатува само нашата историја, туку и туристичката понуда, отворајќи простор за нови истражувања и валоризација на неговото дело“, рече Патчев.

Патчев рече дека со името на Анастас Коцарев се збогатува списокот со познати охриѓани од богатиот период на преродбата на Охрид, а дека почнувајќи од куќите на гемиџијата Миле Бошнак, преку оние на војводите Методи Патчев и Христо Узунов, до Коста Абраш и Григор Прличев, сега и со Анастас Коцарев во срцето на стариот дел на градот, на оддалеченост од 350 метри, се креира „патеката охридски великани“.

Градоначалникот Кирил Пецаков најави дека во рамките на одбележувањето на ликот и делото на Анастас Коцарев ќе биде насликан мурал на ѕидот под неговата родна куќа, посветен на великанот, а дека Градот ќе ја поддржи и иницијативата за пренесување на посмртните останки на Коцарев од Париз во родниот град како чин на трајно враќање на еден од најзначајните охриѓани.