Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Прилози

Охрид и Веспрем станаа збратимени градови: нови партнери за култура, туризам и образование

Древниот Охрид се збратими со Веспрем, еден од најстарите европски градови. Сместен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Древниот Охрид се збратими со Веспрем, еден од најстарите европски градови. Сместен на северното крајбрежје на езерото Балатон, овој унгарски град е стар речиси колку и самата држава и христијанството во неа. Охрид, како едно од најзначајните УНЕСКО подрачја на Балканот, и Веспрем, кој поради својата музичка разноликост од УНЕСКО е прогласен за „град на музиката“, имаат многу сфери од заемен интерес.

Градоначалниците на двата града направија значаен чекор кон продлабочување на меѓусебните односи и потпишаа писмо на намери. Со тоа се отвора простор за нови партнерства, размена на искуства и реализација на заеднички проекти. Соработката е од големо значење за општина Охрид, вели градоначалникот Пецаков.

„Траеше повеќе години, во кои што имавме делегации кои што одеа во градот Веспрем и повратно назад имавме исто така делегации, и денеска е окончување. Од денеска Охрид и Веспрем се збратимени градови. За нас како општина Охрид претставува многу — првично во соработката помеѓу две пријателски држави како што се Македонија и Унгарија, меѓутоа и лично за нас како општина. Се надевам на плодна соработка во полињата пред сè на образованието, културата и, секако, спортот“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Реклама

Писмото претставува почеток на формална пријателска соработка, со јасна насока и посебен фокус на развојот на културата, туризмот, образованието и локалниот економски раст.

„Ова доаѓа по низа средби со градоначалникот на Охрид. Личните пријателства се многу важни. Се надевам дека двата града ќе соработуваат на многу полиња. И не само двата града — Веспрем и Охрид — туку и нациите од двете држави, Македонија и Унгарија, ќе соработуваат заедно, а бенефитот од тоа ќе го почувствуваат граѓаните од двете пријателски земји“, вели градоначалникот на Веспрем, Ѓула Порга.

И Охрид и Веспрем привлекуваат посетители со својата историја, архитектура, култура и природа. Како и државите Македонија и Унгарија кои имаат одлични билатерални односи, така и двата града ќе имаат плодна и взаемно корисна соработка, истакна Порга.

Во иднина ќе се работи и на размена на искуства во одржливо управување со туризмот, заштита на природното и културното наследство, урбан развој и заштита на старите градски јадра, како и на локални економски политики и поддршка на стопанството.