Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Охрид чека археолошки музеј: непроценливото богатство се чува во депоа, далеку од очите на јавноста

Охрид нема археолошки музеј, поради тоа со децении вредното културно наследство се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Охрид нема археолошки музеј, поради тоа со децении вредното културно наследство се чува во спомен-куќи и објекти каде што не им е местото. Далеку од очите на јавноста, дел од предметите пак се наоѓаат во депоата кои се мали и недоволни. Градот час поскоро треба да добие музеј, бидејќи објектите во кои се изложени вредните археолошки експонати не се соодветни за нивно презентирање, вели првиот човек на охридскиот Завод и музеј, Горан Патчев.

„Имаме доста значајни артефакти кои се чуваат во депоата и сè уште не ја имаат видено светлината на денот, да се презентираат на пошироката јавност. Значи, дел од онаа работа ние што ја работиме, сега овде во некои, да не речам, импровизирани простории и депоа, таму ќе бидат по сите најсовремени прописи“ – вели Горан Патчев, директор на Завод и музеј Охрид.

Иако во Светиклиментовиот универзитет на Плаошник, кој е во изградба, меѓу другото ќе има и археолошки музеј, насушна е потребата од вакви установи од културата каде непроценливото богатство ќе биде видливо. Охридската галерија на икони, која е една од највредните и најзначајните светски колекции на икони, бележи многу слаба посетеност, затоа ќе биде дислоцирана на Плаошник. Она пак што не треба да се дислоцира, а е исклучително посетено, е Самоиловата тврдина, која освен преубава глетка кон градот не нуди никаква содржина, и тоа мора да се промени. За почеток ќе ја вратиме велелепната летна сцена на тврдината, каде некогаш во исклучителен амбиент се одвиваа драмски претстави, открива Патчев.

Реклама

„Наша интенција е од годинава да го истражиме целиот простор и веќе да почнеме да размислуваме како да го заживееме тој простор. Планираме таму исто да има некаков мини-музеј, сувенирница, билетарница, некоја кафетерија, санитарниот јазол да се стави во употреба“ – вели Патчев.

Во меѓувреме ќе продолжат и истражувањата на Самоиловата тврдина, оти откриено е околу половина од она што таа го крие. И не само таму – огромен дел од богатството кое се крие под земја не е откриено. Се надеваме дека кога ќе се откријат, ќе дојдат во вистински раце, пред некој на диво да го ископа, сокривајќи го од институциите. До сега се откриени 5 златни маски кои се наоѓаат во Скопје, Софија, Белград и Охрид. Археолозите сметаат дека голема е веројатноста да се откријат уште златни маски на некрополите во охридско, кои се недоволно истражени.