Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Охрабрувачки вести од министерство за финансии: 2025 со ликвиден и стабилен старт, приливите и трошењата во 2024 според планот

Остварен планот за собрани и потрошени пари од државната каса во 2024,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Остварен планот за собрани и потрошени пари од државната каса во 2024, висока реализација на капитални инвестиции, помала буџетска дупка.

Министерството за финансии информираше дека приходите и расходите во Буџетот за 2024 година се реализирани на ниво над 96 отсто што е согласно планираното во Буџетот, додека буџетскиот дефицит е понизок од планираното за дури 2,5 милијарди денари односно на ниво од 4,4 отсто од БДП, а со ребалансот на Буџетот беше проектиран на ниво од 4,9 отсто.

Вкупните приходи во Буџетот за 2024 година се реализирани во износ од 306,3 милијарди денари или 96,3% од планираното. При тоа приходите од даноци и придонеси се реализирани во целост односно 99,7%, додека само од даноци остварувањето е  99,2%. Кај данокот на личен доход има остварување од 101%, данокот на додадена вредност 103,8%,  кај данокот на добивка има оставрување од 95,6% и увозните давачки се со остварување од 95,3%, информираат од министерството за финансии

Реклама

Прибирањето повеќе пари во државната каса е благодарение и на зголемената наплата на даноци од УЈП и Царина. Приходите од даноци се остварени во износ од 177,9 милијарди денари и се за 12,8 отсто повисоки од лани. Речиси 93 отсто од вкупните приходи во Буџетот се од даноци и придонеси, што говори за поефикасна наплата .Финансии информира дека се реализирани скоро 77 отсто од планираните капитални расходи до крај на 2024. Според буџетот на Владата на СДСМ и ДУИ, лани требаше да се реализираат капитални инвестиции од над 730 милиони евра, но  до крајот на мандатот на претходната власт завршено беше едвај 28% од предвиденото.

Владата потрошила 67 милиони евра за реализација на коридорите 8 и 10 д, ова беше сумата што Владата одлучи да се даде на конзорциумот согласно програмата за работа наместо 250-те милиони евра кои беа предвидени предходно.

 За реализација на проектот за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д беа реализирани 4,1 милијарда денари, односно буџетот за 2024 година наменет за тој проект во целост беше остварен. Дополнителни 21,2 милиони денари се реализирани за општинските проекти, како и 165 милиони денари за проекти за подобрување на општинските услуги со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка). Расходите за стоки и услуги се реализирани во износ од 22,9 милијарди денари или 88% од планираното, велат од министерството за финансии.

2025-та година стартува ликвидно и со стабилни јавни финансии, информираат од Министерството за финансии. Во првиот Буџет на Владата на ВМРО – ДПМНЕ проектиран е економски раст од 3,7 отсто, буџетски дефицит 4 отсто од БДП. Приходите се 5,8 милијарди евра, а расходите 6,5 милијарди, додека капиталните инвестиции се проектирани на 800 милиони евра.