Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Македонија

Огромна заинтересираност кај компаниите за кредитите што им ги обезбеди Владата

Огромен е интетресот на компаниите за парите од унгарскиот кредит. Министерката за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Огромен е интетресот на компаниите за парите од унгарскиот кредит. Министерката за финансии обзнани дека од најавените 250 милиони евра, кредит побарале компании од различни сектори, а до сега од Развојаната банка префрлени се 84 милиони евра. И првиот човек на Стопанската комора вели дека интересот на компаниите е еднаков на големината на кредитот кој што се нудеше, меѓутоа сегашната реална состојба говори дека  два пати  е поголема побарувачката од парите што се на располагање. 

“И по информациите кои ги добив од комерцијалните банки со цел да излезат во пресрет на што е можно поголем број на компании прават комбинација помеѓу финансирање од овој унгарски кредит и дел од сопствени сретства нормално со различна каматна стапка затоа што нивните сретства по различна камата ги даваат од овие од унгарскиот, но целта им е да стигнат до што е можно повеќе компании” –вели Гордана Димитриеска Кочоска

 “Неспорно е дека се спремни компаниите да инвестираат, неспорно е дека е поволна каматната стапка, но најзначајно е што е рокот на враќање долги години. И банките даваат приближно блиски камати на успешните компании, но должината на враќање на кредитот беше силен мотивационен фактор да луѓето што имаат инвестициони активности се свртаат и побараат сретства и ја подигнат побарувачката”-вели Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора.

Реклама

Азески даде свое видување во однос на барањата на ССМ за минимална плата од 500 евра.

”Лично јас сум бил секогаш да биде минималната плата според критериуми утврдена на највисоко ниво затоа што секогаш сум бил на страната на потрошувачката и мислам дека тоа е основа да се ствара, а не да се штети, дали јас како бизнисмен сакам да стварам што повеќе и да можам да ги покријам трошоците така да ја поддржувам таа инцијатива,но ако тоа го покажат пресметкитe”-вели Азески.

Осврнувајќи се и на случувањата на глобално ниво, Азески рече дека тоа  создава несигурност што е смртна рана за бизнисот, а особено за малите економии како нашата. И Европа се наоѓа во тешка ситуација затоа ние мора да ги запалиме црвените светла и да бидеме предрастрожни, за што Владата веќе превзема низа мерки. Стопанската комора и Владата договориле два големи проекти: едниот,за враќање и спречување на одливот на мозоци од Макеодонија. Се работи на поттикнување на економската активност во државата за да може да се задржат младите. За таа цел се вршат сериозни реконструкции во образовниот систем и возобновување на институтите и нивно подигање на повисоко институционално ниво. Вториот проект е реализирање на програма за извозна промоција и меѓународно афирмирање на компаниите.