Реклама

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Свет

Официјално потврдена причината за смртта на славната актерка Мишел Трахтенберг

Над два месеца по смртта на американската актерка Мишел Трахтенберг, властите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над два месеца по смртта на американската актерка Мишел Трахтенберг, властите во Њујорк официјално ја објавија причината за нејзината смрт.

Според магазинот „People,“ актерката починала од природна смрт, предизвикана од компликации поврзани со дијабетес. Овој заклучок е донесен врз основа на резултатите од токсиколошките анализи, соопшти Канцеларијата на главниот судско-медицински истражител, од каде исто така посочија дека ваквите тестирања може да се спроведат и без да се направи обдукција.

Мишел Трахтенберг почина на 26 февруари, на 39-годишна возраст, откако службите за итна помош во Њујорк одговориле на повик и ја затекнале во несвесна состојба, без знаци на живот. Смртта не се сметаше за сомнителна, па семејството одлучи да не се изврши обдукција поради нивната еврејска вера. Во јавноста првично се очекуваше причината за смртта да остане „неутврдена“, но резултатите од токсиколошката анализа дадоа јасни одговори.

Реклама

Родена во Њујорк, Трахтенберг започна да глуми уште како дете. Светската слава ја стекна со главната улога во филмот „Шпионката Хариет“ (Harriet the Spy) од 1996 година, кога имаше само 10 години. Детските улоги и соработката со актерката Сара Мишел Гелар ја доведоа до популарната тинејџерска серија „Бафи – убиецот на вампири“ (Buffy the Vampire Slayer), која се емитуваше пред повеќе од две децении.

Нејзината последна, овојпат споредна, актерска улога беше во анимираната ТВ-серија „Шпионката Хариет“ од 2023 година, каде ја позајми гласот на ликот д-р Вагнер.