Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Официјализиран вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски

Општинската изборна комисија, денес, официјално му го врачи Уверението за вториот мандат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинската изборна комисија, денес, официјално му го врачи Уверението за вториот мандат на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Според конечните резултати, на осмите локални избори, што се одржаа на 19 октомври 2025 година, уште во првиот круг, тој ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води Општина Илинден и во наредните четири години, се вели во соопштението од Општина Илинден. 

Уверението за избран градоначалник на Општина Илинден, на градоначалникот Александар Георгиевски, му го врачи претседателот на Општинската изборна комисија, Гоце Крстевски, на пригодна свеченост што се одржа во конференциската сала на Домот на култура „Илинден“.

Реклама

Уверенијата за избрани советници на Советот на Општина Илинден, ги примија и новите петнаесет советници:

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата:

1. Светлана Слезенковска

2. Благоја Митровски

3. Борче Најдовски

4. Миле Стојановски

5. Влатко Љубовски

6. Мери Стаменковска

7. Марко Младеновски

8. Лука Трифуновиќ

9. Сара Ѓорѓиевска

10. Христина Колевска

11. Марко Трпески

СДСМ и коалицијата:

1. Мишо Марковски

Левица:

1. Ацо Христовски

ВМРО – Народна:

1. Сашо Секуловски

Движење ЗНАМ:

1. Ивица Јовановски