Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Македонија

Одземени кокаин и 37.000 евра кеш – полициска акција во Велес

Од МВР информираат дека Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од МВР информираат дека Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Велес, во координација со јавен обвинител, на подрачјето на Велес спровеле заедничка и координирана истрага против лица за кои постоеле информации дека се инволвирани во случајот на купопродажба на еден килограм кокаин, запленет на 29 ноември 2024 и за кој СВР Велес тогаш поднесе кривична пријава против три луѓе.

„Како дел од истрагата, денеска (11.06.2025), со наредби од Основен суд Велес, беа извршени претреси на повеќе локации во Велес и велешко. Претреси беа извршени во куќата на А.В.(53) во Велес, во куќата. станот и викенд куќата на лицето С.С.(47) во Велес и Чашка, во куќа и плац на А.Ц.(29) во Велес и во станот на В.Л.(41) во Велес- велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека за време на претресите биле пронајдени и одземени кокаин, околу 37.000 евра, дигитална вага со остатоци од кокаин, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Реклама

Исто така, во текот на денот СВР Велес ќе поднесе кривична пријава против уште еден човек.