Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Одржана јавна расправа по Предлогот на закон за игрите на среќа и за забавните игри

На денешната, 68-ма седница на Комисијата за финансирање и буџет се одржа – „Јавна расправа по Предлогот на закон за игрите на среќа и за забавните игри“, информира собраниската прес-служба во соопштение. Седницата ја отвори претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, пратеничката Сања Лукаревска, која ги информираше присутните за начинот на работа и текот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната, 68-ма седница на Комисијата за финансирање и буџет се одржа – „Јавна расправа по Предлогот на закон за игрите на среќа и за забавните игри“, информира собраниската прес-служба во соопштение.

Седницата ја отвори претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, пратеничката Сања Лукаревска, која ги информираше присутните за начинот на работа и текот на јавната расправа. Таа упати поздрав до сите учесници и им се заблагодари на претставниците на надлежните институции, засегнати страни, експерти од областа, асоцијации, здруженија на граѓани за нивното присуство и учество во расправата. По воведното обраќање, претседателката на Комисијата ѝ даде збор на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, која го образложи Предлогот на закон за игрите на среќа и за забавните игри.

Министерката, во своето обраќање ги образложи целите на донесувањето и примената на овој закон, кои се изразени преку потребата од спречување на сивата економија во областа на игрите на среќа со стекнување на сигурност и доверба кај учесниците во игрите на среќа и нивна заштита (пред се на младата популација), заштита на приредувачите особено од нелојалната конкуренција, легализација и контрола на паричните текови во оваа област и остварувањето на интересот на државата.

Реклама

Со Предлогот на закон се врши прецизно дефинирање на игрите на среќа и забавните игри, класификација на игрите на среќа, пропишување на специфичностите на управната постапка за издавање и одземање на правото на приредување на игрите на среќа и забавните игри, контролата врз приредувањето, прекршочните одредби, како и одредување на намената на приходите остварени од приредувањето на игрите на среќа и забавните игри.

По образложението на Законот од страна на министерката се отвори широка и конструктивна дебата, во која присутната јавност детално ги искажа своите мислења, ставови, забелешки и сугестии во однос на предложените законски решенија. Учесниците активно се вклучија во дискусијата, при што беа разгледани различни аспекти од примената на Законот, неговите очекувани ефекти и можните предизвици при имплементацијата.

По исцрпувањето на листата на пријавени за збор, претседателката Лукаревска им се заблагодари на присутните за активното учество и плодната дискусија по предложеното законско решение. Таа истакна дека во натамошната собраниска постапка ќе бидат поднесени соодветни амандмани, со цел унапредување на текстот на законот и обезбедување поквалитетно и поефикасно законско решение во интерес на граѓаните.