Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Одрон меѓу Шурленци и Отешево го пресече патот кон Стење

Голем одрон утрово целосно го пресече регионалниот пат Ресен – Стење, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем одрон утрово целосно го пресече регионалниот пат Ресен – Стење, на делницата меѓу Шурленци и Отешево, оставајќи ги возачите без можност да стигнат до граничниот премин и до селата покрај Преспанското Езеро.

Коловозот е затрупан со камен и земја, а сообраќајот е во прекин во двата правци.

Од МВР и од полицијата во Ресен апелираат граѓаните воопшто да не се упатуваат по овој правец додека трае расчистувањето. Освен што патот е непрооден, постои и ризик од нови одрони, па секое движење во зоната се смета за небезбедно.

Реклама

На терен се екипи на надлежните служби, кои најпрво работат на обезбедување на критичниот потег, а потоа и на отстранување на материјалот што се урнал врз коловозот.