Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Одложено судското рочиште за случајот со прегазениот пешак кај Паркот на Франкофонијата

Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште против 25-годишниот скопјанец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основниот кривичен суд Скопје го одложи денешното судско рочиште против 25-годишниот скопјанец Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули, годинава управувајќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола, на пешачката патека на кејот на Вардар, во близина на Паркот на Франкофонијата, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и потоа избегал од местото на настанот.

Според одбраната, обвинетиот непосредно пред почетокот на рочиштето се пожалил на болки во стомакот, по што директорот на КПУ Затвор Скопје доставил до Судот специјалистички упат од Здравствен дом Скопје за упатување на Љури на Клиниката за дигестивна хирургија при УКК „Мајка Тереза“.

По увидот на упатот и изјавата на обвинетиот дека не се чувствува добро и не може да ја следи расправата, Судечкиот совет побара присуство на медицинско лице за да ја утврди неговата моментална здравствена состојба.

Реклама

-Со оглед на изнесеното од бранителот на обвинетиот и доставената медицинска документација за обвинетиот, како и исказот на обвинетиот пред започнување на расправата дека не се чувствува добро дека не може да следи расправа и да учествува активно во постапката, Советот цени за потребно да се повика медицинско лице заради преглед на обвинетиот и констатирање на неговата моментална здравствена состојба и способност да го следи текот на расправата, беше посочено од страна на претседателката на Судечкиот совет. 

По извршениот преглед од страна на доктори од Брзата помош, Советот оцени дека не се исполнети законските претпоставки за одржување на главната расправа и донесе решение таа да се одложи за 21 ноември.

Судот посочи и дека двајцата сведоци, Дина Цириковиќ, предложена од одбраната на оштетениот, и Хамза Ибрахим, кој бил со обвинетиот на местото на настанот, не присуствуваат на денешното рочиште. Цириковиќ, според Судот, поради нестабилна психичка состојба, а Ибрахим и покрај уредната покана не се појавил.

Обвинителството го товари Фатон Љури за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Според обвинителниот акт, обвинетиот управувал мотор „Кавасаки“ по пешачка патека, иако немал возачка дозвола и возел спротивно на сообраќајните прописи. Иако брзината на моторот била 35 километри на час, таа се смета за небезбедна на локација која е наменета исклучиво за пешаци. Поради тоа, обвинетиот не успеал навреме да запре и удрил во пешакот Југослав Николовски, кој се здобил со тешки телесни повреди. Повреден бил и сопатникот на моторот.

Во обвинителниот акт се наведува дека наместо обвинетиот да укаже помош, тој го напуштил местото на несреќата, оставајќи го моторот зад себе. Пешакот бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, каде подоцна им подлегнал на повредите.