Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим

Струшкиот суд ги одложи двете рочишта закажани за денеска против поранешниот градоначалник…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струшкиот суд ги одложи двете рочишта закажани за денеска против поранешниот градоначалник на Струга Рамис Мерко за незаконско поставување спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на Црн Дрим. 

Причина за одлагањето, според судечкиот судија Јордан Јованов, е привремена спреченост за работа поради оперативен зафат на обвинетиот.

Последните рочишта за овие предмети беа во ноември, кога беа одложени поради отсуството на бранителот на Мерко, за што Судот го казни парично по 1.000 евра од предмет, а беа одложени и термините во декември. Следно рочиште е закажано за почетокот на април.

Реклама

Предметот со плочата е во завршна фаза, додека со осветлувањето на коритото на реката Црн Дрим треба да почне од почеток.

Како градоначалник на Струга Мерко во март 2024 година, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое, според обвинението, поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.  

Против него се води постапка и за склучен договор за осветлување на дел од речното корито на реката Црн Дрим, без водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тој, според обвинението, како градоначалник ги пречекорил службените овластувања и склучил договор за изведување на осветлувањето на дел од речното корито на Црн  Дрим, без претходно да обезбеди водостопанска согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа овозможил изведувачот да постави светлосни тела во водите на реката во должина од по 900 метри од двете страни на коритото, кои согласно вештачењето на Обвинителството, таквата инсталација од 300 светлински арматури негативно влијаела на режимот на водите, морфологијата на водното тло и хидро-биолошкиот систем во реката. За реализацијата на проектот буџетот на Општината бил оштетен за над 6 милиони денари.